Елтим СВ
Шест години успешно дејствува фирмата Елтим СВ, вешто менаџирана од сопственикот Сашо Костадиноски. Без претензии наеднаш да се вивне во бизнис небото, туку со идеја сукцесивно да се движи напред, се ориентирал на продажба на електро материјали на големо. Тоа значи промет со материјали на фирми и компании, кои вградуваат кабли и останати електро компоненти на инсталации на станбени и деловни објекти, на фабрики и погони, на фарми и други стопански објекти. Но, и за потребите на помалите дуќани, односно за граѓаните не само во градот, туку и во земјава. Фирмата е крената врз основа на познавањата и искуството стекнато на Костадиноски во овој сектор. Електро материјалите “ги носи во малиот прст”, бидејќи работел за друга фирма од 1995 година, со која и денес негува солидни деловни односи.
Сопственикот вели дека е задоволен од досегашниот тек на бизнисот. Постепениот раст му е цел. Затоа, мото му е чесниот и коректен приод и малата стручна логистика при изборот. Според него, важно е да се обрне внимание на изборот на најквалитетна понуда по најниски можни цени.
– Нудиме пет илјади артикли за електро инсталации за куќи и високонапонски мрежи. Цел ми е да бидеме директни увозници на одредени брендови во оваа бранша. Сега дел набавуваме од странство, а дел ги застапуваме. Главнокупуваме оригинални материјали, а не евтини и вешто направени фалсификати. Така сме прва рака, која се дистрибуира низ земјава и се шири понудата. Засега бизнисот го тераме четворица вработени – вели Костадиноски, нагласувајќи дека соработуваат и со македонски фирми, за кои имаат договори за овластен дистрибутер.
Според него, иднина е лед осветлувањето, кое е сé побарано, бидејќи е потрајно, поштедливо во енергија и поблиско до сончевата, природната светлина.
Како и да е, единствено со квалитет, Елтим СВ храбро плови во немирните бизнис води. Очекуваат да не затаат со девизата дека муштериите се секогаш во право, не знаат да згрешат и дека тие се светост за респект што никогаш не треба да бидат изневерени, уште помалку да бидат измамени. Така се гаѓа метата и успешно се остваруваат стратегиските цели за постепен прогрес и кревање на реномето на фирмата.
![]()

