Борење
Ретко има борачки настан во градов, затоа вреди со внимание да се проследи традиционалниот меѓународен турнир во организација на БК 7 Мај Леов. В сабота во салата на СОУ “Р. Р. Ричко” на дело ќе се види талентот на младите членови од повеќе клубови, од разни земји. Србија ќе биде претставена со Раднички Сомбор, Унгарија со Абони, два клуба кои учествуваа и на десетдневниот камп. Најавени се борачи од Косово и Бугарија, а покрај домашниот од земјава партиципираат сите што нешто значат во овој спорт. Тука се Лирија (Скопје), Балканец (Штип), Бучим (Радовиш), Неготино, Борец (Велес) и Спартак (Кочани).
Синоќа пред многу народ се одвиваше тренинг на плоштад.