Вечерва на плоштадот Александрија
Вечерва од 20 часот на плоштадот Александрија ќе се ужива во фолклорот на изворната група при КУД “Никола Јонков Вапцаров” од Делчево, вокално инструменталниот состав Ѓурѓовден од Софија, и КУД “Врелац” од Врањска бања. Вечерта на народно музичко творештво е во рамките на традиционалната манифестација Изворен фолклор на Балканот – Прилеп 2015, што ЦК “Марко Цепенков” ја организира за Прилепското културно лето.
Групите и ансамблите го негуваат духовното наследство низ изворниот фолклор.