Дрво на покривот од бањата

humusКорени пуштило дрво на покривот од некогашната турска бања в центар. Помогнато од даровите на природата, вирее низ годините. Извило вито стебло, се разгранило, пуштило и листови и никој ништо не му може. Уште едно стебло му прави друштво. Ако продолжи да не се одржува покривот со стари ќерамиди, не е чудно да стане мала шума.  Не е тежок одговорот на прашањето како успеало да фати корења на урнатината од камен и тули, со по некое “зрно” песок на остатоците од амамот што е заштитено културно наследство во приватна сопственост со одобрение за конзервација.

Само Господ знае до каде ќе истераат дрвцата. 

Loading