Ц. Ѕвезда – 11 Октомври

Трета лига

Според ждрепката, во 1. коло на 30 август претендентот за висок пласман 11 Октомври гостува во Јосифово на Црвена ѕвезда. До борбата за бодови, тимот на Дејан Кулески ќе одигра серија контролни мечеви. На стартот Млекар во Мало Коњари го чека Борец од Велес, а гостуваат, Партизан Обршани на Превалец во Велес и Големо Коњари на Тиквеш во Кавадарци. Атрактивни двојки се Вардар Неготино – Дојранско Езеро, особено во Мрзенци каде се два истоимени ривали, домашниот со грчки спонзор Зорбас Победа против Победа од Валандово.

Loading