Во ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”
Во историјата заминуваат пампурите за греење во ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. Идната зима децата ќе се греат со парно греење и ќе имаат топли училници со одамна поставената термоизолациона дограма. Практично ова е последното училиште во Прилеп кое им вели збогум на пампурите и греењето со дрва.
Локалните власти не штедат кога се во прашање децата. Овојпат вложија 150 илјади евра. Градоначалникот Марјан Ристески изјави дека образованието е приоритете и нема да стивнат активностите за подобрување на условите во основните и средните училишта
![]()

