Среќата одложена за 3000 гледачи

Победа

jovanoskiПочнува второлигашкото првенство и Победа со поддршка на навивачите во сабота го чека Тетекс. После несреќниот пораз (5-6 на пенали, регуларно 1-1) во купот дома од прволигашот Младост Царев Двор, како среќата да сака да биде дар за трите илјади гледачи во борбата за бодови. Клубот смета дека пожелно е да се избегнува еуфоријата и смирено да се влезе во секој меч.

– Нема да бидам искрен ако кажам дека не сакаме во Прва лига. Меѓутоа, да не се залажуваме, постепено да чекориме. Да видиме од коло во коло како се одвива првенството и таа шанса што ќе ни дојде да ја искористиме – порачува Тони Мегленски, капитенот.

Првиот круг Победа дома игра со Тетекс, Пелистер, Влазерими, Македонија ЃП и Љубанци, а гостува на Скопје, Кожуф, Гостивар и Еуромилк.

Loading