Изложба од Доне Милјановски

Прилепско културно лето

“Плашило” е тематската изложба на 20 дела во комбинирана техника од академскиот уметник Доне Милјановски што ќе биде отворена вечерва од 20 часот во галеријата во рамките на Прилепското културно лето. Автор ј 45 години твори плодотворно, создавајќи богат опус на дела во различни ликовни дисциплини и техники. Тој создава и на едни од изумрените медиуми на уметничка експлорација, а тоа е таписеријата.

Милјановски дипломирал на Академијата за применета уметност во Будимпешта во 1991 година. Бил доцент по текстилен дизајн на ФЛУ во Скопје. Реализирал самостојни и групни изложби во земјата и во странство.

Синоќа на културното лето КУД “Пензионер” со гостите КУД “Сирма” од Битола одржаа целовечерен концерт, пренесувајќи ја староградската песна.

Идната недела,  ќе се промовира новиот број на списанието за литература Стремеж, а концерт ќе одржи КУД “Моминок”.

Loading