ПЕТРЕСКИ ГИ ПОЧНА ТРЕНИНЗИТЕ

Ракомет

milosНовиот тренер Томче Петрески во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” стартуваше со тренинзите за претстојната суперлигашка сезона. Во играчкиот кадар се новите, голманот Милош Раичиќ (Костолац, Србија) и десното крило Дмитриј Турченко (Запорожје, Украина). Преговорите траат и уште со неколкумина потенцијални засилувања за позициите бек и пивот. Додека не завршат, нема објавување на имињата. Подготовките веројатно ќе се одвиваат во градов, а планирани се и повеќе контролни мечеви.

Првенствениот старт е предвиден за средината на септември.

Loading