ЌЕ СЕ ПЛАТИ УНИШТЕНИОТ РОД

zemjodelieВо рамките на можностите, владата ќе им помогне на земјоделците во ублажување на штетите предизвикани од невремето кое ги зафати селата Мажучиште и Мало Коњари. По обилните врнежи од дожд проследени со силен ветар и на места со град, беа оштетени околу 25 хектари од земјоделските посеви под тутун и градинарски култури, особено на пиперки и зелка, со што ќе се намалат приносите.           

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и претседателот на Советот Никола Димески изразија готовност да се надоместат дел од претрпените штети на земјоделците. При тоа тие укажаа на заштита од временските непогоди со осигурување на родот и користење на субвенции за земјоделците за осигурителните полиси.

Инаку, дознаваме дека малкуте “покриени” земјоделци со полиси веќе ги дочекале агентите на осигурителните компании да ја проценат штетата и да утврдат надомест.

Loading