ДЕФЕКТ ОД 50 МИНУТИ НЕ Е КОЛАПС

Бесплатна објава

Во болничката лабораторија

“Не претставува опасност за пациентите дефект од неполн час во лабораторијата на болницата”.

Ова го тврди Илија Богатиноски, директорот на болницата по реакциите дека лабораторијата не е во состојба да прави анализи за крвна слика.

Според него, нормализирана е работата по 50 минути.

– Болницата има договор за поддршка со приватни лаборатории за изработката на крвни слики, доколку нема реагенси или се случила хаварија, поплава или долг електричен дефект. Во ниеден момент во лабораторијата не смее да има подолг прекин од 60 минути во изработката на овие слики. Се ангажира целиот тим, се викна сервис и се отстрани дефектот – објасни Богатиноски.

Според министерството за здравство, за Прилеп се предвидени 16 специјализации в година.        

На болницата í се доспеани и извршни околу 50 милиони денари долгови. Со расположливиот буџетот и со темпото на враќање, се очекува обврските да се затворат по Нова година и да се стабилизира финансиската состојба. 

Точно 62 волонтери го прекинаа волонтерството и го претворија во редовен работен однос со законот за трансформирање на работните односи. Првата група (21) доби решенија, втората треба да ги има на 1 декември, а третата на 1 септември в година. Повеќето се помошен медицински персонал – медицински сестри и болничари, еден лаборант и еден доктор. 

Loading