Ждрепка на 17 август

Фудбал

Третолигашките екипи го користат летниот одмор за постепено подготвување за наредната сезона. Има време за комплетирање на играчкиот кадар, претежно со млади фудбалери, кои сакаат да се докажат и да се наметнат на поголемите клубови. Се очекуваат завршните пријателски мечеви, а првенството би требало да почне при крајот на август. На 17 август во ОФС Прилеп е ждрепката за распоредот. Во лигата претставници на општинава се Партизан Обршани, Големо Коњари, 11 Октомври и Млекар Мало Коњари.

Loading