Илија Несторовски
Гигантот, загрепски Динамо, тимот најуспешен меѓу екс-југословенските простори, почувствува на своја кожа што значи расен голгетер, како што е Илија Несторовски. На прволигашкиот меч на стадионот Максимир тој постигна гол со нога во 51. минута за намалување на водството од 2-1. Домаќинот победи со високи 5-1, но сите на трибини видоа дека прилепчанецот заслужува да игра во поголем клуб. Тој претходно со глава даде мајсторски гол за 1-1 со Загреб и е единствен стрелец во Интер Запрешиќ.
![]()

