На 45. филмски фестивал за деца и млади Џифони во Италија, учествуваше и младиот фотограф и видеограф Горан Попоски (15). Го претставува Прилеп во Италија со неколку минутен филм. Како член на фотокино клубот Прилеп, тој беше меѓу 12 млади од земјава кои твореа и учеа за филмската уметност.
Џифони е позната италијанска манифестација посветена на фотографијата и филмот, на која учествуваат повеќе илјади деца од триесетина земји од светот.
Попоски неколку години се занимава со фотографирање, учествувал на повеќе изложби. Добитник е и на неколку награди.
![]()

