Опстанок

Шах

ШК Прилеп обезбеди опстанок на Екипното државно првенство во Струга. Освоено е 6. место меѓу осум тима. На седум кола доволни беа две победи и една нерешена низ 17 поени. На соседското дерби совладано со 3,5-2,5 беше 4 Ноември од Битола. За вториот триумф од 4,5-1,5 над Карпош придонесоа победите на Готовуша, Котески и Дамчески, ремијата на Ѓорѓиески, Котески и Балов. Нерешен резултат, 3-3, како по обичај е постигнат со Куманово.

Од лигата отпаѓаат Карпош и 4 Ноември Битола, а шампион е тимот на ВМ Станојоски, Алкалоид.

Loading