Концерти на културното лето

Koncert za podarok na gradot - sestrite Hristina i Sofija NikoskiНа Прилепското културно лето, организирано од ЦК ,,Марко Цепенков“ на 4 август од 20 часот во ликовниот салон на Центарот целовечерен концерт ќе имаат талентираните сестри Софија и Христина Никоски. На виолина и на пијано ќе ги пренесат звуците од Годишните времиња на Вивалди.

Софија дипломира на ФМУ во Скопје. Стипендист, студент е на кралскиот колеџ за музика во Мадрид, Шпанија. Една е од најдобрите виолинистки во Македонија и надвор од неа. Сестра í, пијанистката Христина, дипломира на ФМУ во Скопје и концертира и на чембало. Професор е по пијано и корепетиција во музичкото училиште.

Denis Najdoski so nastap na prilepsko kulturno letoВо Ц.К. на 6 август ќе се претстави пијанистот Денис Најдоски со целовечерен концерт. Дарбата ќе ја покаже со дела од Зографски, Бетовен, Рахмањинов и Шопен. Тој заврши ФМУ во Скопје.

Сношти во галеријата се отвори изложбата на дела од 34 – от Мал Битолски Монмартр. 

Loading