Клубот ќе постои

Жени

Позитивни најави има околу судбината на женскиот ракометен клуб Жито Прилеп. Управата одлучила да вложи максимум напори за подобра финансиска поддршка за единствената женска сениорска екипа. Важен е сигналот за надминување на тешкотиите од минатата пролет кога не се обезбеди патување во последното суперлигашко коло во Скопје. Според РФМ, тимот би требало наесен да се натпреварува во понизок ранг, но никогаш однапред не е сигурно, бидејќи во елитното суперлигашко друштво извесно е дека ќе има недостиг на екипи. Од Ж. Прилеп нема потврда дека Крстевска и Гичева заминале во Пелистер.

Подготовките стартуваат во средината на август.

Loading