ЌЕ ПИСНАТ И НОВИ ВОЗОВИ

Железничката станица добива нов лик

Kompletna rekonstrukcija na starata zeleznickaПо повеќе од пет децении железничката станица добива нов лик. Се заменува покривната конструкција и подовите. Се санира фасадата и се поставува нова термичка изолација. Планирана е и санитарно уредување.

Реконструкцијата на “пристаништето” на возови во градов е дел од проектот за обнова на 10 железнички станици во Македонија од Коридорот 10 и кракот 10 Д. Со обновата, ќе се заокружи транспортниот центар во чиј комплекс е и новата автобуска станица. На обновеното стојалиште, наскоро планирано е да пристигнуваат и поаѓаат и нови современи возови кои ги набави Владата. Со реализацијата на овој зафат, железничката станица ќе стане попристапна за корисниците на железничкиот сообраќај.

– Проектот опфаќа целосна реконструкција на сите елементи на станиците. Освен што целосно ќе биде заменет покривот и подовите, се санира фасадата и внатрешните ѕидови. Ќе се постави нова термичка изолација и ќе се изградат нови тоалети. Комплетно ќе се смени водоводната и електричната инсталација, вклучувајќи ги и внатрешното и надворешното осветлување. Ќе се постави систем за греење и ладење, за противпожарна заштита, патнички информативен систем, како и подобрување на пристапноста за товарен транспорт и достапност и поврзување со патничкиот превоз. Ќе се подобри и пристапноста за лицата со намалена подвижност – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Со средување и на железничката станица по европски терк, градот ќе добие еден современ транспортен центар. Ќе има и нови возови.

– Од септември ќе стигнат и новите вагони и гарнитури возови, со што железничкиот транспорт ќе биде еден од најексплотираните и со најголема удобност за сите патници кои се возат на територијата и надвор од државава – додава градоначалникот Ристески.

Ќе се постигне поголема безбедност за учесниците во сообраќајот. Обновената железничка станица пертерно ќе се поврзе со новата автобуска станица. За реконструкцијата на 10-те железнички станици, ќе се потрошат 2, 2 милиони евра. 

Loading