Картушевци в планина преку граница

На планинарите од ПД Картуш им “скисна” од локалните авантури. Продолжениот викенд ќе се почестат со прошетка до Црна Гора. В сабота, в недела и в понеделник, Картушевци ќе уживаат разгледувајќи ги убавините на планината Бјеласица, логорувајќи под отворено небо во националниот парк Биоградска Гора. Најиздржливите ентузијасти ќе се обидат да го освојат врвот Црна Глава со височина од 2139 метри. А пред да се вратат полни со впечатоци од црногорските планини ќе се починат крај Шишково Езеро.  

Loading