НВО РОМА СОС спроведе неофицијално истражувања, при што е забележан растечки тренд на малолетничките бракови. Евидентирани се 20 бракови повеќе во ромската средина последниве шест месеци. Тоа беше повод првпат јавно да дискутираат претставници на полицијата, центарот за социјални работи, родители и ризични деца.
Опасностите по децата во брак повлекуваат рано стапување во сексуални односи, што може да го наруши правилниот развој на детскиот организам. Ризик се и сексуалните болести и раната бременост. Констатирани се и чести повреди на правото на родова еднаквост на малолетните партнерки, кои се предмет на семејно насилство, бидејќи се недоволно способни за отпор. Ниту санкциите не се ефикасни да ги спречат родителите, без разлика дали се или не, согласни со бракот на своето дете. Нужна е кампања за превенција, оти се напушта образовниот процес, поради неофицијалните брачни заедници на малолетниците.
РОМА СОС повика на координирана акција која бара комплексни решенија. Се предлага 16 годишник да одговара за прекршок ако стапи во брак.
Според законот, забрането е малолетници да стапуваат во брак. Сепак во неофицијални брачни заедници живеат повеќе млади на возраст од 14 до 18 години. Детските бракови уште не се следат како проблем, оти се сметаат како дел од традицијата и културата на Ромите.