Помалку поени за упис во економско

СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”

ekonomskoСо доделување на дипломите на матурантите, се окончува учебната година во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”. Констатација е дека успешно е заокружен уште еден образовен процес. Затоа стои и држи место пофалбата на матурантите за одличните резултати. Тоа е потврда дека матураните се потковани со знаење и ја рефлектираат успешноста на наставниците и репутацијата на училиштето. Паралелно се најавува активирање на новата спортска сала, благодарение на Владата. Добредојдено е и работењето на градоначалникот, секторот за финансии, одделението за јавни дејности при ЛС, ЈП ПУП, Комуналец и многу други добронамерници и пријатели на училиштето.

За кусо време почнува и реконструкцијата на училиштето, на скалишниот простор, на промената на столаријата, термо-фасадата, покривот и громобранска инсталација, преку проект за енергетска ефикасност од ИПА фондовите. Парковските површини се уредуваат, како и други мали зафати во и околу училиштето, за први септември  да се пречека подготвено. Интернационализацијата е еден од приоритетите. За споделувањето на искуства и добри практики со училишта од Европа со кои се потпишани Меморандуми за соработки, ќе се реализираат мобилности во Полска, Бугарија и Германија.

Одлична вест е и што МОН даде виза за намалување на поените за упис на ученици за прва година по двете пријавувања од првиот рок за економско – правна и трговска струка од образовниот профил:

– економски техничар – 40 поени

– правен техничар – 55 поени

– деловен секретар – 40 поени

– банкарски техничар – 44 поени

– техничар за трговија и маркетинг – 34 поени.

Во вториот рок, на 24 август, добредојдени се сите ученици кои сакаат да бидат дел од успешната приказна на економското училиште.

Loading