НАСТАПИ ЗА СЕЧИЈ ВКУС

Прилепско културно лето

Hor pod vedro neboПрилепското културно лето, по завршувањето на осмата колонија Дрен организирана од ЦК, продолжува вечерва со настапот на групата Air Strings од 21 часот на камената бина. Со необична форма е и Квартетот, формиран 2009 година, кој нуди популарни џез, поп и рок теми. Но и музика од популарни филмови и мјузикли. Сстанува збор за необичната комбинација од сопран саксофон, виолина, виола и контрабас.

На програмата се кавер верзии на David Guetta и многу други.

Композиции од Бах, Мокрањац…

Утревечер од 21 часот, на плоштадот Александрија настапува Младинскиот женски хор “Стив Наумов”, под диригентство на Љубомир Трифуновски со композиции на Бах, Мокрањац, Орландо ди Ласо и Драган Секуловски. Во хорот, формиран во 1971 година, членуваат ученици, студенти и други вљубеници во музиката на возраст од 14 до 27 години. Имал концерти низ Европа и освоил 12 златни плакети, две  сребрени и девет меѓународни признанија.

Фолклор со “Македонка” од Торонто

Еден од најпознатите македонски ансамбли од дијаспората, “Македонка” од Торонто, Канада, вторник ќе има концерт на камената бина од 21 часот. Дел од богатиот репертоар се македонските ора “Драчевка”, “Осоговка”, “Тешкото”, “Повардарка” и др.

Веќе 56 години, ансамблот успешно го претставува македонскиот фолклор во Канада, САД, Порторико, Австралија и во Европа.

Ансамблот доби признание од Претседателот Ѓорѓе Иванов.

Домаќин на Македонците од Канада ќе биде КУД Моминок.

Loading