Мостот на воздишките

Nokni vozdiski, denski premin na eden na drug bregЕдно дрвено мовче на Дабнича Река пред денешниот меморијален музеј 11 Октомври, младите го нарекувале мостот на воздишките. Небаре Венеција, но во друга конотација, според генерациите, тоа бил премин за ишарет, за намигнување, за давање знак за израз на љубов. Тоа бил период на сефтосување на Новото корзо на Булеварот, кое се отселило од таканареченото Старо корзо кај училиштето “Рампо Левката”. Преку него водел и патот до автобуската станица, до летната бавча кај бизнис центарот. Од другата страна, до популарната зграда на поштата и до киното.

Го нема мовчето. На местото е каналот на Дабничка Река. Ама, не исчезнуваат сеќавањата кај повозрасните. Навираат спомени за младоста, за првата љубов, за тргањата на девојките за прамените и прцлињата, за коњските опашки, но и за растурањето на пунџите на помодерните. Па и за киното, каде се минувале највозбудливите моменти со јунаците како Тарзан, па  Џон Вејн во вестерн филмовите и со актерите на Козара, Дрвар…

Loading