Четири часа градот вчера беше блокиран поради недостиг на струја. Парализата од курцшлусот во мрежата на МЕПСО ја осетија со штетни последици стопанството, граѓаните, банките, трговците, дури и возачите. Според МЕПСО од 10.47 ч. до 13.27 ч. градот имал сериозен технички проблем со напојувањето, поради дефект на трафостаницата Прилеп 1.
Без електрична енергија останаа Крушево и Кривогаштани и околните села.