Тргна откупот на житото

Жито Прилеп ги отвори амбарите да ја прифати пченицата од годинешната жетва. Лебното зрно ќе се плаќа во три класи. Првата класа ќе се откупува за 11 денари, втората по 10 денари, а најниската категорија по 9 денари по килограм. Плаќањето ќе се врши навреме според договореното,  односно 30 отсто за седум дена, а остатокот до 90 дена.

Жито Прилеп нуди чување на меркантилна пченица во силосите.

Loading