Стара коцка

Miskojnata na stariot PrilepДецата трчаа по запрежни коли и да се фатат на задната дрвена ограда, каната, кога минуваа бавно влечени од коњ, магаре, маска. Сега е реткост да се виде вакво “привидение”, зашто напредната технологија “гази” сé пред себе.

На фотографијата е овековечен “грбот” на егејските згради на Булевар и сé уште неизградената Стоковна куќа. Камената коцка зборува дека Прилеп е древен град со богата историја. Сликата сведочи за времињата кога во маалата се носеа кошеви со тутун од нивите не само со магариња, туку и со популарните триколки. Улицата е покрај поранешната автобуска. Никна катна гаража. И порано имало убавина, да размениш збор – два, во друштво по тротоарот, покрај жива ограда и млади дрвца, полни со живот.

Се менува градската физиономија. Останува само по некоја фотка за враќање во минатото.

Loading