Прилепска делегација на Петровден положи цвеќе на споменикот во месноста Ножот кај селото Никодин, каде пред 108 години ги дадоа животите педесетина комити во нерамната битка со турскиот аскер. Неколкуте преживеани од четата во последните мигови пееле песни пред да ги активираат бомбите под себе и живи да не се предадат во недостиг на муниција.
За храбриот отпор до смрт се восхитувал дури и турскиот командант. Тој им наредил на војниците да испукаат во воздух по еден куршум за слава и за јуначкиот бој.
![]()


