Дали ќе играат во Прилеп?

Царев Двор

Малку се знаеше за селото Царев Двор до ланското лето кога фудбалскиот тим Младост ја елиминира Победа. При последниот пријателски меч, на кој вторпат славеше сега веќе новиот прволигаш, од клубот беа во дилема дали од август да играат првенствени дуели во Прилеп или Охрид. Без свој терен ќе настапуваат во елитната конкуренција, до која стигнаа со второто второлигашко место. Тренер им е битолчанец, играчки кадар од Битола, Охрид и само еден младинец од селото. Клубот го финансираат неколкумина печалбари, но од управата велат дека имало само еден спонзор, бизнисмен кој се занимавал со трговија. Додека засенетите брендови живеат на стара слава, како Охрид, Караорман, Тиквеш, Борец, Куманово, Беласица, селските клубови напредуваат и така 30 отсто се прволигаши: Ренова Џепчиште, Хоризонт Турново и Младост Царев Двор. 

Loading