Стартува осмата колонија Дрен

Manastirot Sv. Ilija povtorno ce bide inspiracija za   umetnicite od zemjata i stranstvo - od minatogodisnata kolonija. Danco   OrdevВо манастирот Св. Илија во селото Дрен од понеделник ќе биу уметноста низ четките, боите и платната. Станува збор за осмото издание на ликовната колонија Дрен, која ја организира ЦК “Марко Цепенков”. Десетина дена уметници од Македонија, Србија, Русија и првпат од Турција ќе го окупираат и ловат инспирации за ликовно творештво, ќе се дружат и ќе разменуваат искуства. Престојот со дела ќе го овековечат Александра Ацеска, Марјан Стојаноски, Мирјана Бубевска, Сергеј Дамовски, Тони Чатлески и Владимир Кнежевиќ од Македонија, Сречко Здравковиќ од Србија, Марија и Иван Крившинко од Русија  и Емине Токмакај од Турција.

Руските уметници, членови на реномираното уметничко друштво “Соло”, се почестени од поканата. За колонијата слушале само пофални зборови.

Директорот Тони Чатлески, кој го доби третиот мандат уште наредните четири години да раководи со Центарот, е горд што колонијата Дрен стана ликовен бренд не само на градот, туку и на Македонија. Учество на манифестацијата посакуваат уметници од целиот свет. Делата што од понеделниик до 20 јули ќе се создадат ќе бидат презентирани на 4 септември на завршницата на годинашното Прилепско културно лето.

Loading