Се дотерува центарот за социјални работи

Spasov vo Prilep“Со осум милиони денари од Светската банка целосно ќе се реновира Центарот за социјални работи”.

Ова го изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Центарот ќе добие нова фасада, енергетски ефикасна, нов систем за ладење, нова дограма, обнова на санитарните јазли, нова канцелариска опрема да се подобрат условите за прием на граѓаните кои ги остваруваат своите права од социјалната заштита.

Според него, реновирањето е дел од проектот на Министерството за обнова на Центрите во земјава.

– Досега се комплетно реновирани четири центри. Во втората фаза се седум, меѓу кои и во Прилеп. Во тек се градежните работи во Прилеп, Битола и во Охрид, а набрзо ќе почнат во Штип и во Гевгелија – изјави Спасов.

Министерот појасни дека во тек е изборот на изведувач на ревитализација  и на 12 Дневни центри за деца со пречки во развојот.

– За обновата на 30 објекти се обезбедени средства од ИПА програмата на ЕУ –  рече Спасов.

Loading