На здравје во пивскиот рај

Na izvorot na adrenalinot do sabajleСе заканува пивска треска. Неколку стотина илјади гости од четврток до недела ќе го слават пивото, зачинето со песните на десетина странски и македонски интерпретатори на забавна и народна музика на годинашната, 13-та, манифестација Пивофест. Се најавува атмосфера со повеќе пивски малигани од ладна голтка пиво во кригла, замезена со кебапи и други специјалитети на жар. Градот на Марко Крале и на тутунот, ќе се претвори во пивски рај. За да биде празникот на пивото без нервоза, обезбедени се доволно паркинг места за илјадниците гости со автомобили кои ќе посакаат да бидат дел од пивската фешта. Дури и за они кои не ќе најдат сместување во локалните хотели, ќе се организира вообичаен бесплатен камп на Могилата. 

Сефте ќе се густира пивска пена в четврток со групите Слаткаристика и Љубојна, а пред полноќ ќе жари популарниот Србин, Саша Ковачевиќ. Поп музиката ќе го поплави градот в петок. Ќе пеат Радио актив, ЗАА, ДНК, а во сабота ќе се влезе со секогаш свежите хитови на групата од Загреб, Прљаво казалиште. Ноќ на шлагери ќе биде преодот од сабота во недела. Кулминација се очекува да предизвикаат шлагерите на Оливер Драгојевиќ и на Неда Украден. Увертира ќе им биде Наум Петревски. И неделата е во знакот на атрактивни мега интерпретатори. Нашиот Ален Хасановиќ од Звезде гранда ќе ги најави искусните колеги Гоца Тржан и Дино Мерлин.

Постполноќната клима ќе ја “палат” диск џокеи.

Од понеделник почнува подготовката на штандовите и затворање на Булеварот. Се очекува нормално одвивање на сообраќајот во смирен режим во центарот.

Фестивалот на пивото од мала паланечка манифестација налик на српски вашар или селски панаѓур последниве години се вивна на светската пивска мапа, етаблирајќи го градов за туристичка дестинација за забава. Прилеп стана царство на пивото. Илјадници љубители на пивото и возбудата не одолеваат да бидат дел од пивскиот дух четири дена. Да ја вкусат атмосферата, доаѓаат не само од земјава, туку и од соседството и од целиот Балкан, па и од подалеку. Со ангажманот на популарни, атрактивни естрадни ѕвезди од рангот на Цеца, Брена, Северина, Харис Џиновиќ, Горан Бреговиќ, Ина… може да се сумира дека во Прилеп дошле милиони луѓе да се предадат на пивското задоволство. А тоа носи развој за градот, афирмација, па и профит за локалната економија.

Златен даб во лименка од 0.5 л.

Прилепската пиварница на македонскиот пазар ја лансираше најновата лимена амбалажа на Златен Даб од 0,5 литри, со што го заокружува портфолиото Златен Даб амбалажи. Пиварницата потврди дека создаде модерен бренд кој ги следи потребите на консументите. Уникатниот вкус на Златен даб со висок квалитет, и преку амбалажата го освежува имиџот. Лименката е посветена е на сите кои се чувствуваат слободни, динамични, урбани и кои знаат што сакаат.

Лименката Златен Даб со возбудлив и неодолив дизајн е одговор на бројните барања и веќе е дел од секојдневниот ритам на своите фанови.

Loading