Победа на собир в сабота

Бесплатна објава

Фудбал

Сигурно досега најкусиот летен одмор го имаат фудбалерите на Победа, поради бараж мечевите со Беласица. Клубот имаше разбирање и првиот собир за старт на подготовките е закажан за в сабота на Градски. Паузата одредена од тренерот Дарко Крстески ќе биде околу две ипол недели. Потоа се обврските во 40 дена за тренинзи и контролни дуели, а борбата за бодови тргнува од 8 август. Ова зборува за сериозниот пристап кон амбициите за висок пласман на табелата.

Преодниот рок е во тек. Се очекуваат засилувања во сите линии за подобрување на конкуренцијата. Ќе се задржат сите квалитетни играчи кои придонесоа за експресно враќање во второлигашкото друштво. Клубот води сметка и за подмладокот, категориите пионери, кадети и младинци. И тие имаат можност за развој на талентот со оглед на одличните услови, стручниот кадар, заслужен за повисокиот ранг – Супер лигата. Во овие екипи има место за враќање на сите кои досега настапувале за други екипи, а потекнуваат од школата на Победа.

Loading