Таман се почувствува пријатниот мирис на липите на дрворедите на Булеварот, собирачите на цвет ги нападнаа крошните. Подготвени, со долги стапови со ножица го сечат цуто заедно со гранките и им ја разголуваат ароматичната облека. Напаѓачите, без трунка чувство за иднината на дрвјата, туркаат сé и сешто, од ветките да го соберат цутот. Залудни се прекорите од минувачите и од наплатувачите на паркингот. Немаат гајле и око не им трепнува на цветокрадачите. А за срам и да не се зборува. Дури се агресивни, ако некој им укаже на уништувањето. Подготвени се да се борат со стапот со ножиците.