ДО ПРАЗНИКОТ, КАМБАНАРИЈА ДО КАРАБИНА

Во комплексот на црквата Света Петка во Точила

Kamen krasnopis vo mozaik na  podot na crkvataiКамбанарија од 19,5 метри во истиот стил како црквата, од левата страна ќе “никне” до црква Света Петка во Точила. До карабина, до храмовиот празник, 8-ми август, се планира да биде изграден овој придружен објект во комплексот. Покрај доминантната црква, предвидено е да се изгради и трпезарија со канцеларии, но во подоцнежната фаза. Затоа се интензивираат доизградбата на црквата Св. Петка чие големо осветување се планира за 8 август, за празникот на храмот. По еден век во градов се гради сакрален објект во најурбанизираната населба со помош на локалната самоуправа која се јавува како логистика и организатор на донаторски конференции во соработка со МПЦ.

– Интензивна е градбата на камбанаријата, за која после Нова година имавме донаторска конференција. Благодарност за сите донатори. Храмот ќе биде еден од најубавите, не само во Прилеп, туку и во Македонија. Ако дозволат временските услови, камбанаријата до 8 август, кога ќе биде и конечното осветување на храмот, ќе биде изградена до карабина. Паралелно со градењето на камбанаријата се финализира внатрешното уредување. Покрај исцртувањето на ѕидовите со живописи, ќе стигне и ветениот иконостас од бел прилепски мермер. Црквата не е само градба, туку и содржина. Ќе биде уникатна – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Црквата го добива својот комплетен изглед.

– Работите одат според предвидената диманика. Се окончуваат фрескоживописите, што е неопходно за осветување. Во догледно време, ќе заврши изработката на проектот за партерно уредување, што треба да биде слика и прилика на ова место. Да биде како замислената, најубавата црква – вели намесникот Блаже Станкоски.

Објектот е граден во традиционален стил, како црквите од 13 век со две куполи, со два впишани крста.

– Камбанаријата е составен дел на комплексот, висока 19,5 метри. Импозантен објект е, кој ќе се гради со истиот ракопис како што е градена и црквата, со материјали идентични како оние со кои е градена црквата. Со камен од прилепско поднебје, гранитен материјал – розе крин, со апликации на опус миксус – ред камен, ред цигличка. Не се вика за џабе комплекс. Паралелно се доопремува ентериерот. Се средуваат мозаиците во подната конструкција, мермерниот иконостас изработен од Мермерниот комбинат, а резбарските  работи се од КРИН-КГ. Секоја од прилепските фирми се вградува, дава учество во целосниот лик, оваа црква да го види својот конечен изглед. Претстојат бетонските работи, карабина, па да почнеме со обложување, ѕидање со камен и претпоследната фаза средување на партерот, односно целосното поплочување. Населбата ќе добие плоштад со сите карактеристики – поплпчени платоа, патеки, водени содржини од двете страни, па и посадување зеленило, простори кои даваат свежина – објаснува Бранко Нешкоски од Иницијативниот одбор.

Последна фаза на објектот е трпезаријата со канцеларии.   

CRKOVEN HORЌЕ СЕ ФОРМИРА ЦРКОВЕН ХОР

Во тек се активности за формирање на црковен хор со исклучиво источначко, византиско пеење на светата божествена литургија.

– Хорот ќе биде посветен на богослужбите и литургиските пеења исклучиво во црквата Св. Петка. Имаме градски хор, хорови по сите градски цркви, но овој хор ќе биде составен, според моите сознанија, од строго прфесионалци, членови кои завршиле музичка академија, средно музичко и висока музичка школа. Ќе биде мешовит, и мажи и жени. Ќе се одржи аудиција, оти не може секој да биде пеач во црковен хор. Имаме луѓе со гласовни можности, но не се во состојба за црковно пеење. Успешните на аудицијата, ќе бидат примени во хорот – вели намесникот, отец Блаже Станкоски.

Аудицијата и раководењето се препуштени на Гоце Секулоски, кој е лидер во црковното пеење во Македонија, а беше и професор на Факултетот за богословија. 

Loading