Вода низ карпи против пожари

Moderni metodi za spas na spomenici niz planiniНосење на вода на повисоки и тешко достапни терени да се заштитат објекти од културно – историско значење при евентуални пожари беше показната вежба, изведена од пожарникарите од Прилеп и Битола, војската и Центарот за обука на пожарникари од Битола пред манастирот Св. Архангел Михаил.

Опремата е високо софистицирана. Овозможува дотур на вода каде не стигнува возило, на најкритични и најнепристапни места, зафатени од оган.

 

2. Moderna oprema protiv pozari– Испробуваме техники за заштита со вода од евентуален пожар на манастириот Св. Архангел Михаел. Вежбата покажа дека за неполни 14 минути се однесе вода на 100 метри надморска височина –  рече командирот на ПП единицата, Станко Колески.

– Ја испитавме подготовеноста на ПП единицата, армијата и на сите чинители со новата опрема – рече градоначалникот Марјан Ристески.

Единиците за заштита од пожари пред почетокот на летната сезона редовно тренираат и се обучуваат за дејствување и заштита, а и за ублажување на последиците од огнени стихии.

Loading