Од државниот натпревар Детски семафор и сообраќајна техничка култура на младите во Скопје, Габриела Лазеска се врати со мобилен телефон, а Петар Врцовски со таблет. Познавањето на сообраќајните правила и прописи и вештото возење на велосипед на осмооделенката Лазеска од ОУ “Гоце Делчев” í донесе бронза. А управувањето мопед на матурантот Врцовски од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” сребрен медал.
Под менторство на Гоце Ѓорѓиоски учествуваа и шест основци, а професорот Борче Јошески водеше тројца средношколци.