Сублимат на МТФ преку фотографии и документи

За јубилејот, во фоајето на Центарот беше поставена изложба на добитници на наградите за животно дело, од наградените претстави и други документи, поврзани со фестивалот, костими, чиј автор е д-р Јелена Лужина.

–  Презентирани беа 49 фотографии од исто толку претстави кои добиле Гран при. Застапени се сите актери кои минале низ 50 – те години од фестивалот. Ги има и фотографиите од  актерите кои добиле награда за животно дело, првпат доделена во 1986 година, чиј добитник е Љубиша Трајкоски. Поставени се наградени костими. Во четири витрини се изложени материјали и документи од историјата на фестивалот, како што се Првата награда – статуата на божицата Талија, втората – релјеф со ликот на Војдан Чернодрински и третата што сега се доделува со комплетната документација. И во четвртата витрина е презентирана издавачката дејност на фестивалот – вели Лужина, потенцирајќи дека преку изложбата се прави сублимат на 50 години МТФ.

Loading