Стрелците, освен што вешто ја погодуваат метата, не запираат да полнат десетки со нивните мегдани. На државниот натпревар со воздушна пушка, острото око на Ирина Јованоска од ОУ “Добре Јованоски” í донесе злато. А Викторија Тренческа од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане, победничката трите претходни државни купови, не го издржа психолошкиот притисок на фаворит и го освои четвртото место. Успешни со воздушна пушка кај младинците беа и гимназијалците Антонио Николоски и Емануел Секулоски. Николоски се закити со сребро, а Секулоски зеде бронзен медал
![]()

