Промоции на театарска литература

,,Проект Чернодрински – МТФ Војдан Чернодрински 1965 – 2015“ е насловена монографијата за фестивалот, што денес од 11 часот ќе биде промовирана во Театарот. Пресекот на сите фестивалски години е значаен труд на д-р Јелена Лужина.

На МТФ се помовира Монографија за Бранко Ѓорчев од Лилјана Мазова. Бел ден видоа и мини театарски есеи ,,Малцинството во еден“ од Трајче Кацаров. Списанието СУМ посветено на театарот на Центарот за културни иницијативи од Штип, е посветен на македонскиот театар. Промоција доживеаа и театролошките материјали со вистини, записи, сведошта и сеќавања, насловени ,,Мојот театар“ од Ристо Стефановски. Јаве на МТФ имаа шесте драми во кориците насловени “Декалог” од Владимир Костов. Иван Ивановски на 85 години ја промовира книгата ,,Режисерската поетика на Бранко Ставрев“, а Јордан Плевнеш ,,Драми – Првите тринаесет“.

Loading