,,Повелба на Република Македонија“ за големиот придонес

I lokalnata samouprava dobi plaeta za poddrka na MTFД-р Ѓорѓе Иванов, претседателот на РМ, на фестивалот му додели

Претседателот на Македонија д-р Ѓорѓе Иванов на фестивалот за големиот придонес во развојот на македонската култура му додели Повелба на Република Македонија. При тоа рече дека биле изведени 663 претстави, и класични и современи, и странски и македонски, претстави во текот на 50 години и 417 фестивалски деноноќија.

Како природен простор за македонското драмско творештво, фестивалот го одржува заветот на Чернодрински. Сето тоа е дело на бројните драматурзи, режисери, продуценти и, секако, актери кои го оживуваат зборот на сцената. За тоа се заслужни и драмските критичари, но и помалку видливите, но никако помалку важни мајстори на својот занает без чија посветеност ниту една претстава нема да допре до срцата на луѓето, а тоа се сценографите, костимографите, шминкерите, мајсторите на светло и звук…

– Втората причина поради која половина век му останавме верни на Македонскиот театарски фестивал е бидејќи низ репертоарот секогаш одново успева да адресира важни теми и да испрати значајни пораки – рече Иванов. 

Loading