Прилепчани во Баку

Тројца прилепчани меѓу 45 македонски спортисти од денеска до 28 јуни се во Баку, Азербејџан на првите Европски спортски игри. Градов го претставуваат Фросина Ристеска, атлетичарка на АК Академик Џамбазовски, маратонецот Илија Пајмакоски од АК Делта Скопје и џудистката Катерина Николоска од ЏК Миоки Скопје. Сите се одлични спортисти и се очекува достоинствено претставување на земјава. Доколку некој освои медал, го чека и парична награда од МОК, за бронза 1500, за сребро 2500 и за злато 4000 евра.

Во Баку патува и прилепски карате тренер, Пеце Белистојаноски.

Loading