Поглед од “високо”

Centarot od pticja perspektiva  pred godiniМали дуќанчиња со карактеристична градба. Уникатни покриви четириаголни и со стара турска керамида. Мали вертикални прозорци, со рамки. Дрвени или лимени кепенци. Дуќани лепенки, едно до друго. Интересно е што биле функционални, иако мали. Занаетчиите ги прилагодувале на потребите. Имале незабележителни визби, тавански или катови за магацини.

Понова архитектура е уникатниот хотел “Јадран”, извишен на три ката. Трафика за цигари, за ливчиња лото, за весници и крошнесто дрво како да го припојувале со претпоследниот ред дуќани.

Спроти него, “Народниот магазин” каде се наоѓало од “пиле млеко”. Како бисер, со лицето на плочникот поредени, дуќаните на Ангрокожа, Југопластика, Солидност, Задругата на берберите, Деликатес…

На аголот, хотел “Југославија”. Тука се лафело, се потпивнувало, паѓале мајтапи… Забележлива е новата градба на хотел “Скопје”. Тој е со рамен покрив и многу простории.

Центарот не може да се замисли без главната сообраќајница, каде отсекогаш мирисале липите. Дрворедот, живите огради, цветните градини се средуваат и денес со разни визии на помладите.  Едноставно, на постарите, незаборавни им остануваат тајните, допирите, скриените погледи, вербалните љубовни дијалози, посеани со романтика на старото прилепско корзо.  

Loading