Над 2.000 палачинки се поделија на традиционалната манифестација што Локалната самоуправа ја организира за крај на учебната година. На плоштадот “Александрија” вриеше од насмеани и весели дечиња кои на најсаканиот датум – 10 јуни се насладуваа во вкусните плачинки.
Манифестацијата “Палачинкијада”, организирана по четвртпат, беше збогатена и со прогласувањето на најученик, најнаставник, најодделение и најучилиште во избор на неделникот “Зенит” и рубриката наменета за најмладите “Петка”.
За НАЈ ученици за учебната 2014/2015 г. беа прогласени: Марија Митреска од ОУ “Гоце Делчев”, Ена Јованоска од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, Галена Аризанкоска од ОУ “Кочо Рацин”, Христина Нунеска од ОУ “Добре Јованоски”, Ивана Дукоска од ОУ “Климент Охридски”, Димитриј Младеновски од ОУ “Блаже Конески” и Леона Митревска од ОУ “Рампо Левката”.
НАЈ наставници се: Соња Димоска од ОУ “Гоце Делчев”, Борче Ацески од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, Наташа Кулевска од ОУ “Кочо Рацин”, Каролина Николоска од ОУ “Добре Јованоски”, Катерина Трајкоска од ОУ “Климент Охридски”, Наташа Ристеска Проданоска од ОУ “Блаже Конески” и Благоја Дукоски од ОУ “Рампо Левката”.
Наградата за НАЈјодделение ја понесоа учениците од 8-2 одд. од ОУ “Добре Јованоски” со наставничката Билјана Тромпеска.
Изборот на НАЈјучилиште со најмногу гласови на тронот го искачи ОУ “Кочо Рацин”.
Пригодна програма изведоа учениците од ОУ “Рампо Левката” како домаќини и минатогодишни победници.
Градоначалникот Марјан Ристески им го честита успехот на сите ученици и им посака мирно, топло лето исполнето со забава и разонода.
Дојде и долго посакуваниот и очекуван 10-ти јуни, ден кој го сакаат сите ученици, а кој и оваа година се одбележа со палачинки и многу петки за крај!
Среќен летен распуст Зенитпетковци!
До видување до 1- ви септември!