Изложби на слики од Александар Станкоски и Тони Чатлески ќе бидат отворени вечерва од 20.30 часот во ЦК “Марко Цепенков”.
“Древности” е насловот на изложбата на 50 слики на реномираниот македонски уметник Станкоски, кој вели дека темата е преиспитувањето и реинтерпретацијата на македонската етногенеза.
“Древен сон” е насловот на изложбата на 40 дела од Тони Чатлески, преку кои авторот го пренесува својот уметнички сон. Сликарот моментно се претставува во рускиот град Звенигород со циклусот “Ритамот на самбата”.
![]()

