Игрите низ бројки

Pretstavata ''Uzalena familija'' na NT Bitola - prv pobednik na festivalotПрвиот МТФ започнал на 4 јуни 1965 година во старото прилепско кино на Ѓоре Напе.

– Прилеп има проживеано 471 фестивалски деноноќија. Биле изведени 474 претстави во официјална програма и 189 во придружна, односно вкупно 663 фестивалски претстави. Текстови на македонски автори биле 189, а се доделиле 663 фестивалски награди, 65 награди за животно дело, вклучувајќи ги и годинешните. Биле организирани 9 комплетно театролошки симпозиуми, 29 трибини, 12 панел дискусии, 24 тематски изложби – пишува во монографијата за фестивалот што ќе биде промовирана на крајот на годинешниот фестивал, а чиј приредувач е д-р Јелена Лужина.

На првиот фестивал победил НТ од Битола „Ужалена фамилија“ од Нушиќ, во режија на Д. Наумовски, а на 49 – от, МНТ со  претставата „Вечната куќа“ од Плевнеш, во режија на Дејан Пројковски.

Најбројни се наградите на Битолскиот театар, а домаќинот,  театарот „Војдан Чернодрински“ бил шестпати наградуван и имал најдобри претстави на фестивалот.

Нашиот театар првпат бил лавроносец во 1970 година со претставата „Од глаата си патиме“ од Чернодрински, во режија на А. Алексов, вторпат во 1972 година со претставата „Цена“ од Милер, во режија на А. Алексов. Третата најдобра претстава е „Полковникот птица“ од Бојчев, во режија на Владо Цветановски во 1998 година.  Следните награди се во 2009, 2010 и во 2013 година. Најпрво со „Тапани во ноќта“, потоа „Кавкаскиот круг со креда“ и двете од Брехт и во режија на Мартин Кочовски. Последниот успех е претставата „Змејовата невеста“ од Молеров, во режија на Нела Витошевиќ.

Loading