Фестивалот е чувар на македонскиот театар

Petar Temelkovski gord na jubilejot na festivalotСé е подготвено за стартот на јубилејниот 50. МТФ “Војдан Чернодрински”. Свеченото отворање е од 21 часот на плоштадот Методија Андонов Ченто, кое ќе биде своевиден театарски перформанс насловен “Земјата на Чернодрински – концерт на актерските ѕвезди”, режиран од Дејан Пројковски. При тоа, Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, на Фестивалот ќе му го додели Орденот за заслуги за големиот придонес во развојот на театарската уметност.

Уметничкиот директор Петар Темелковски посочува дека сега  кога сме во мугрите пред 50 годишниот јубилеј, македонскиот театарски фестивал го разбира како верен чувар на импозантно долгиот континиутет на македонскиот театар во целина.

''Polkovnikot ptica'' - pobednicka pretstava na nasiot teatar vo 1998 godina– Повеќе од 2000 години, од Еврипид до Чернодрински, континуитет, изграден, истраен и долговечно сочуван на два монументални драматични столба – едниот во меморијата на исчезнатата Троја кога Парис ја грабна убавата Елена и започна Тројанската крвава свадба и другиот овде во Македонија, кога Осман бег ја грабна убавата Цвета и започна Македонската крвава свадба. Затоа сите наши надежи, очи и души се свртени кон нашиот Агамемнон и кон Божјите дарби на нашите драмски уметници во фестивалските денови, во кои ќе се виде и почувствува силата на нашата насушна верба дека сме подобри од вчера и дека ќе бидеме поумни од утре – вели Темелковски.

Во официјална конкуренција се 13 претстави за награди, а ќе ги одреди жирито во состав Ѓорѓи Јолевски – претседател и членовите Тони Михајлоски и Илбер Муртези Во придружните манифестации, секоја вечер ќе има полноќни претстави, промоции на театарски изданија, меѓу кои и монографија за фестивалот, како и изложби.

Loading