Дарба и знаења, крунисани со награди

Секоја учебна година успешна гимназиска приказна

Моментите кога ќе погледнеме зад нас и кога ќе ги видиме сите наши проекти и успеси се моменти кои нé исполнуваат со гордост, чест и задоволство. Заврши и оваа учебна година. Стигна и фамозниот 10 јуни и доаѓа време за ретроспектива на изминатиот период. Гимназијата “Мирче Ацев” – расадникот на млади интелектуалци и оваа година повеќе од успешно ги реализира своите цели и задачи.

priem

Многуте проекти во склопот на Гимназијата почнувајќи од спектакуларниот Гимфест 2015, арт перформансот  “Фолклорот не е мртов”, вечерите посветени на англискиот и францускиот јазик, ораторските и поетските вечери, патрониот празник и спортските настани се само дел од овогодинешната успешна гимназиска приказна.  На сите овие настани учествуваа наши ученици, гимназијалци, кои го покажаа својот раскошен талент и знаењето кое го поседуваат во изобилие.                                                 

Кога сме кај талентите и знаењето нашите ученици не застанаа само на локално ниво. Гимназијата оваа година треба да е посебно горда на достигнувањата кои се за почит. Локалното ниво на натпревари беше само загревање за она вистинското, за натпреварите на државно ниво, но и оние меѓународните. Имено, водечката сила на Гимназијата – гимназијалците, годинава освоија над триесетина први, втори и трети места на државните натпревари.                                       

Гимназијалците беа успешни на различни полиња и покажаа дека со континуирано учење и посветеност лесно може да се биде едно од најдобрите училишта во Р. Македонија.

Посебно место и оваа година заземаат математичарите од нашето училиште кои, како и претходните две години постигнаа успех од меѓународни рамки. Трета година по ред, Гимназијата “Мирче Ацев”  ќе има свој претставник на светската олимпијада во математика. После Колумбија и Јужна Африка, Тајланд ќе биде местото каде што нашиот Стефан Неделкоски ќе си ги одмери силите со своите врсници од целиот свет.                                         

Сите годинешни резултати се гордост на Гимназијата “Мирче Ацев”, на учениците и на менторите.

Државен натпревар – математика

Лесновска Инес I год. – освоила II место – ментор Нешкоска Евгенија

Премчески Славчо I год. – освоил III место – ментор Нешкоска Евгенија

Маркоски Марко III год. – освоил II место – ментор Стефаноска Афродита

Николоски Стефан IV год. – освоил I место – ментор Антонија Г. Петкоска

Државен натпревар – информатика (програмирање)

Маркоски Марко III год. – освоил II место – ментор Анкица Стеваноска Јанческа

Државен натпревар на младите истражувачи на Р. Македонија – во областа веб дизајн

Милески Димитар II год. – сребрен медал – ментор Анкица Стеваноска Јанческа

Македонска олимпијада – информатика (програмирање)

Николоски Стефан IV год. – сребрен медал – ментор Анкица Стеваноска Јанческа

Државен натпревар – географија

Ристески Илија II год. – II место – ментор Владо Чакароски      

Државен натпревар – македонски јазик и литература

Мицеска Бисера III год. – освоила II место – ментор Мартин Наумоски

Државен натпревар – биологија

Костоска Јована II год. – III место – ментор Милка Трајкоска

Државен натпревар на млади истражувачи од Р. Македонија – биологија

Дамјаноска Доротеа II год. – I место – ментор Милка Трајкоска Велеска Галена II год. – III место – ментор Милка Трајкоска

Државен натпревар – хемија

Р’жаникоски Христијан I год. – II место – ментор Ружа Ангелеска       

Државен натпревар – физика

Р’жаникоски Христијан I год. – III место – ментор Кире Јосифоски

Државен натпревар – народна техника

Тасевска Теодора II год. – III место – ментор Блаже Димески (хемија)

Спиркоска Елена II год. – II место – ментор Анета Стојческа (информатика)

Стојкоски Андреј I год. – II место – ментор Ана Велјаноска (енергетска ефикасност)

Хемиска олимпијада

Неделкоски Стефан III год. – освоил II место – ментор Блаже Димески

Државен натпревар – хор

65 ученици – освоија I место – ментор Татјана Иваноска

Државен натпревар – оркестар

24 ученици- освоија II место – ментор Татјана Иваноска

Државен натпревар – карате

Димоска Маријана III год. – освоила I место

Димоска Мишела III год. – освоила II место

Матеска Анастасија I год. – освоила  II место

Мерипушкоски Симеон I год. – освоил II место

Тодороски Огнен II год. – освоил III место

Ристески Дамјан III год. – освоил III место

ментор  Орде Цветаноски

Државен натпревар – женски фудбал – III место

Велеска Даниела III год.

Аџиоска Светле III год.

Богеска Сара III год.

Иваноска Димитринка I год.

Мирческа Антоиела III год.

Тренеска Јулијана III год.

Даскалоска Елеонора III год.

Белистојаноска Марија I год.

Ризоска Кети II год.

Трајкоска Ангела III год.

Тренческа Анастасија III год.

Атанасоска Катеринс III год.

Зероска Марија III год.

Кантарџиоска Ева I год.

Конеска Мери III год.

ментор Бранко Дисоски

Државен натпревар – скијање

Петреска Бистра I год. – освоила II место

Кебакоска Михаела IV год. – освоила II место

Спиркоски Александар II год. – освоил III место

ментор Даниел Василески

Сега започнува времето за одмор, за рекреација, за уживање во постигнатите резултати, но и време за собирање на нови сили кои ќе ни донесат уште поуспешна учебна година. Гимназијата “Мирче Ацев” како образовна институција е посебно горда на сите гимназијалци, им ги честита успесите на сите ученици и ментори и очекува уште поуспешна учебна година.

Loading