Антиќ во Мотоцентар

Antic senzacija vo PrilepСензација предизвика гостувањето на НБА кошаркарот Перо Антиќ на отворањето на новиот продажно-сервисен салон на реномираната фирма Мотоцентар. Се издигнуваше над мноштвото гости и не се промашуваше, а не да не се препознае кошаркарската ѕвезда од 210 сантиметри. Сите ја знааат височината, но никој не претпостави дека е “огромен” кога застануваа “рамо до рамо” за фотографирање. По фејсбук фрчеа слики на среќлиите кои се сретнаа очи во очи и се ракуваа со Антиќ.

I Risteski posaka dobredojde za MotocentarИмено, новиот салон на Мотоцентар е распослан на 700 м2, опремен со најмодерни машини од програмата за монтажа, демонтажа и балансирање на пневматици. Располага и со продажен салон за пневматици и кафетерија.

Инвестицијата е 700 илјади евра. Засега се 10 вработени, а наскоро вратите ќе се отворат уште за петнасетина прилепчани. 

Loading