Успех е 6. место

Ракомет

Заврши плејофот од Супер лигата и Прилеп мора да се задоволи со шестото место, бидејќи освои четири бода, преку еден триумф 25-22 над Радовиш и реми 25-25 со Пролет. Завчера беше последниот пораз 35-23 од Зомимак во Струмица. Надежите беа за скалило – две погоре, но се покажа дека во овој момент силите не се доволни. Токму според стратегијата “чекор по чекор” на подобар пласман треба да се чекаат наредните сезони. Претстои летен одмор.

Женскиот тим на Ж. Прилеп оствари три победи, последни над Пелистер и Ѓорче, но потоа не патуваше двапати и е исклучен од Супер лигата.

Loading