Рекултивација на депонијата

Deponijats nebare gradinaПо 40 години континуирано депонирање на отпадот, се рекултивира градската депонија Алинци. Огромниот простор се прекрива да се ревитализира визуелно и еколошки.

– Покриена е комплетно косината и се работи на површинскиот, невидлив дел. Ќе се дупчат отвори за излез на метанот. Ќе се гради и ограден канал за прибирање на исцедокот и за транспорт за преработка – вели Златко Ристески, директорот на ЈКП Комуналец.

Според градоначалникот Марјан Ристески, Прилеп е единствениот град во земјава каде е воведена селекција на отпадот.

Рекултивирањето на депонијата е единствен пример во земјава и е во согласност со законот за управување со отпадот и со определбите за грижа за животната средина.

Комуналец селектира над 130 тони материјали, од кои околу стотина тони се продаваат, а остатокот се складира додека се најде пласман. 

Loading